Интересот за грчката програма „Златна виза“ значително се намалува, а бројот на нови барања за добивање дозвола за престој преку инвестиција е речиси преполовен.
Според податоците на грчкото Министерство за миграција и азил, речиси половина од важечките инвеститорски дозволи во земјата им припаѓаат на кинески државјани.
Заклучно со јуни, Кинезите поседувале 11.921 дозвола, односно 47,7 проценти од вкупниот број. На второто место се турските државјани со 4.543 дозволи, додека Либанците се трети со 1.145.
Меѓу десетте најзастапени националности се и инвеститори од Иран, Велика Британија, Израел, Египет и САД. На листата се наоѓаат и 258 државјани на Ерменија и 224 државјани на Србија.
Во Грција моментално има 32.702 активни дозволи за престој издадени преку програмата, без да бидат вклучени дозволите за членовите на семејствата на инвеститорите.
Од јануари 2022 до јуни 2026 година биле поднесени повеќе од 41.000 барања за издавање или обновување „златна виза“. Околу 77 проценти биле одобрени, 22 проценти сè уште се разгледуваат, а само околу еден процент биле одбиени.
Програмата им овозможува на странските инвеститори преку вложување во недвижности да добијат петгодишна дозвола за престој во Грција.
Минималниот праг првично изнесуваше 250.000 евра, но по промените воведени во 2024 година, во одредени области е зголемен на 400.000 евра, додека во најбараните градови и острови достигнува 800.000 евра.






