ПРВ.мк
Црна Хроника

Синоќа интервенирала полицијата: 61-годишник осомничен за насилство врз сопругата

Синоќа интервенирала полицијата: 61-годишник осомничен за насилство врз сопругата

Полицијата привела 61-годишен маж од општина Маврово и Ростуше по пријава за семејно насилство врз неговата 49-годишна сопруга.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен синоќа, по што околу 19:30 часот интервенирале полициски службеници од Полициското одделение Ростуше.

Според пријавеното, М.Б. ја затворил својата сопруга во семејната куќа, каде што физички ја нападнал и ѝ упатувал закани.

Полициските службеници пристигнале на местото и ја ослободиле жената, а 61-годишникот бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.