ПРВ.мк
Балкан

Голема полициска акција: Уапсени 17 лица, запленети 13 килограми дрога, оружје и 50.000 евра

Голема полициска акција: Уапсени 17 лица, запленети 13 килограми дрога, оружје и 50.000 евра

Голема полициска акција е спроведена во Босна и Херцеговина, при што се уапсени 17 лица осомничени за вмешаност во организиран синџир за трговија со наркотични дроги.

Според Министерството за внатрешни работи на Република Српска, во рамките на акцијата под кодно име „Damage“ биле извршени претреси на вкупно 20 локации на територијата на Република Српска и во Оџак, во Федерацијата БиХ.

Полицијата запленила околу 13 килограми различни видови дрога, приближно 50.000 евра во готовина, како и два пиштола.

При претресите биле пронајдени и тестови за проверка на чистотата на кокаин, повеќе дигитални ваги, мобилни телефони и други предмети што се поврзуваат со истрагата.

Одземено е и едно патничко моторно возило.

Полицијата трага по уште три лица

Во акцијата биле приведени 17 осомничени, додека по уште три лица сè уште се трага.

Според надлежните, постои сомневање дека приведените биле дел од мрежа за нелегална трговија и дистрибуција на наркотични средства.

Акцијата се спроведува по наредба на Окружниот суд во Бања Лука, а истрагата продолжува со цел утврдување на улогата на секој од осомничените.