ПРВ.мк
Топ Вести

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Не фрлајте пепел и жар во подземни контејнери - последиците ќе бидат катастрофални!

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Не фрлајте пепел и жар во подземни контејнери - последиците ќе бидат катастрофални!
Kristal

ЈПКД „Комуналец“ – Струмица упати апел до граѓаните строго да не одлагаат друг вид отпад на местата наменети исклучиво за пепел и жар. Како што нагласуваат од претпријатието, неправилното користење на овие локации може да предизвика сериозни проблеми и несакани последици.

Дополнително, апелираат пепелта и жарта да не се фрлаат во подземните контејнери, за да се спречат оштетувања на опремата и можни пожари.

Претпријатието потенцира дека одговорното однесување на граѓаните е клучно за безбедноста на сите и за заштита на комуналната инфраструктура во градот.

Овој апел е дел од континуираните активности на „Комуналец“ за безбедно и ефикасно управување со отпадот во Струмица.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo