ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА: Трактор се превртел во река, има и загинати - ова се деталите!

ТРАГЕДИЈА: Трактор се превртел во река, има и загинати - ова се деталите!
Kristal

На 17 јануари 2026 година, во Полициската станица Струмица е пријавено дека на место викано „Белик“ во атарот на село Градско Балдовци, трактор со приколка натоварена со дрва паднал во речното корито на реката Тркање.

При несреќата животот го загубил Д.Н. (58) од Струмица, кој го управувал тракторот. Смртта му била констатирана на лице место од лекар од Медицински центар Струмица.

На местото на несреќата увид извршија јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo