Две лица од кавадаречкото село Марена се лишени од слобода откако биле затекнати со огревни дрва без соодветна документација.
Според информациите од Секторот за внатрешни работи Велес, вчера попладне околу 17:40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци сопреле патничко возило „мерцедес“ управувано од едното лице, додека другото било сопатник. При контролата биле пронајдени огревни дрва без жиг и документи.
Приведените биле однесени во полициска станица, информиран бил јавен обвинител, и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

















