Управата за јавни приходи (УЈП) ги демантираше шпекулациите во дел од медиумите дека мерката „МојДДВ“ се укинува. Во соопштението се истакнува дека нема донесена таква одлука и дека мерката продолжува да се спроведува континуирано. Граѓаните и понатаму можат да ја користат апликацијата и да ги остваруваат своите права согласно законските одредби.
Во Буџетот за 2026 година се предвидени средства за непречено спроведување на „МојДДВ“. Директорката на УЈП, Елена Петрова, во интервју за ТВ Телма нагласи дека во 2025 година за секое тримесечје преку мерката се исплаќале околу 14,5 милиони евра директно на граѓаните, а во просек 502.000 граѓани активно скенирале фискални сметки и добивале поврат на средства.
Вкупно, во 2025 година, преку редовна исплата, на граѓаните им биле вратени 3.458.885.995 денари, односно 56,2 милиони евра по основ на „МојДДВ“.

















