ПРВ.мк
Свет

Од Техеран пристигна жестока порака што одекна далеку надвор од регионот!

Од Техеран пристигна жестока порака што одекна далеку надвор од регионот!
Kristal

Нова дипломатска бура се крева по острите зборови што пристигнаа од врвот на иранската дипломатија. Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, директно го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека ја „предал дипломатијата и граѓаните кои го избраа“, поради започнување напади во момент кога се воделе разговори за иранската нуклеарна програма.

Во објава на социјалната мрежа X, Арагчи порача дека сложените нуклеарни преговори не смеат да се третираат како обична деловна трансакција. Според него, искривувањето на фактите и поставувањето нереални очекувања довеле до, како што вели, „бомбардирање на преговарачката маса од инает“.

Изјавата доаѓа во чувствителен момент, кога тензиите повторно растат, а дипломатските канали се под притисок. Иранската страна сугерира дека воениот потег ја поткопал можноста за компромис и дополнително ја усложнил веќе кревката ситуација.

Од Вашингтон засега нема официјален одговор на ваквите обвинувања, но пораката од Техеран јасно покажува дека довербата меѓу двете страни е сериозно разнишана.

Дали ова е крај на преговорите или само уште еден остар дипломатски судир пред нов обид за договор – останува неизвесно.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo