Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонредни контроли во 188 маркети и хипермаркети низ целата држава во периодот од 13 до 16 јануари 2026 година. При контролите, инспекторите открија храна со истечен рок на траење, лоши хигиенски услови и недостиг на санитарни книшки кај вработените.
Во рамки на акцијата, 22 оператори со храна беа казнети со вкупна противвредност од околу 40.000 евра.
- Кај 10 оператори беа утврдени полесни повреди како неселектираност на разладни уреди и нечитки декларации на производите, за што им беа изречени опомени.
- Во два маркета било констатирано дека вработените немаат санитарни книшки.
- Шест маркети немале имплементирано процедури за примена на правилата на добра производствена и хигиенска пракса.
- Во 14 маркети била затекната храна со истечен рок.
Од операторите беа одземени и нештетно уништени над 253 килограми храна, вклучувајќи месо, млечни производи, кондиторски и други видови производи, за да се обезбеди безбедноста на потрошувачите.
Инспекциските надзори се дел од континуираните активности на АХВ за заштита на јавното здравје и безбедноста на храната во земјата.

















