ПРВ.мк
Топ Вести

РУСИЈА НЕ СЕ ОДКАЖУВА: Украина под оган, бројот на загинати и повредени расте - еве кои се најпогодени!

РУСИЈА НЕ СЕ ОДКАЖУВА: Украина под оган, бројот на загинати и повредени расте - еве кои се најпогодени!
Kristal

Украина беше погодена од серија терористички напади и ракетни удари, кои предизвикаа цивилни жртви и штета врз критична инфраструктура, објави украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, на Икс. Според него, преку ноќ десетици хиперсонични, балистички и крстосувачки ракети, како и стотици „шахеди“, биле насочени кон цивилни и енергетски објекти.

Во Лавов, западна Украина, експлозии убиле 23-годишна полицајка и повредиле околу дваесетина лица. Нападите се случиле додека полицијата реагирала на пријава за провала во продавница, а градоначалникот Андриј Садови го оцени настанот како „терористички чин“.

Во Киев и регионот, балистичко оружје и беспилотни летала погодиле пет области, при што се повредени жена и дете. Градоначалникот Виталиј Кличко потврди дека повредените се хоспитализирани, а властите ги повикаа граѓаните да останат во засолништата.

Ноќни напади со беспилотни летала беа регистрирани и во Одеса, при што се предизвикале пожари на енергетската инфраструктура, кои беа изгаснати без поголеми последици.

Во североисточниот регион Суми, двајца браќа и еден брачен пар загинаа по удар на руски дронови. Според гувернерот Олех Хрихоров, браќата биле прво повредени во експлозија, а потоа намерно нападнати додека биле транспортирани во болница.

Сибиха апелира на итно воведување на силни меѓународни санкции кон Русија, повикувајќи на прекин на пристапот до енергетски приходи, технологии и финансиски системи, со цел да се запре војната.

Овие нападите покажуваат продолжување на рускиот терористички притисок врз Украина, со цел дестабилизација на цивилното население и уништување на критичната инфраструктура.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo