Полициски службеници во Тетово вчеравечер околу 23 часот лишиле од слобода 16-годишно малолетно лице од село Слатино.
Според информациите од СВР Тетово, при рутинска сообраќајна контрола било утврдено дека малолетникот управувал возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски таблички без возачка дозвола.
Претходно, во село Непроштено, при обидот за контрола од страна на полициски службеници од ПО Теарце, возилото со голема брзина удрило во електричен ормар на ЕВН, а возачот се обидел да ги прегази полициските службеници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот согласно член 297-а и член 288 од Кривичниот законик.
Малолетникот е задржан во полициска станица заедно со возилото, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

















