ПРВ.мк
Црна Хроника

Утрово пристигна тажна вест – почина легендарниот актер!

Утрово пристигна тажна вест – почина легендарниот актер!
Kristal

Американскиот актер Ерик Дејн почина на 54-годишна возраст по долга борба со амиотрофична латерална склероза (АЛС), објави TMZ.

Тој починал во болница во Лос Анџелес, опкружен со сопругата, ќерките, пријателите и најблиските.

Ѕвездата на серијата Grey's Anatomy, позната кај нас како „Вовед во анатомија“, во април 2025 година јавно објави дека му е дијагностицирана АЛС – прогресивна невродегенеративна болест што постепено ја одзема мускулната функција.

Дејн тогаш откри дека патот до точната дијагноза бил долг и исцрпувачки, со месеци консултации со различни специјалисти и бројни тестирања, сè додека невролог конечно не ја потврдил болеста.

Во последните месеци тој отворено зборуваше за својата здравствена состојба, споделувајќи дека му останала функционална само една рака и дека физичката сила постепено му слабее.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo