ПРВ.мк
Македонија

БРАКО ја покажува својата хуманост – 330 топли оброци за оние што имаат најмногу потреба!

БРАКО ја покажува својата хуманост – 330 топли оброци за оние што имаат најмногу потреба!
Kristal

Компанијата БРАКО реализираше хуманитарна акција со донација од 330 топли оброци од работничката менза на фабриката, наменети за лица во социјален ризик во Велес и околните места.

Оброците беа подготвени од велешкиот ресторан „Боем“, кој ја обезбедува исхраната за вработените во компанијата. Храната беше распределувана преку Народната кујна на „Боем“, додека за лицата кои живеат во подалечни места или немаат пристап до информации и социјални мрежи, активисти ја доставуваа директно до нивните домови.

Со оваа иницијатива, БРАКО ја потврдува својата посветеност на општествената одговорност и поддршката на локалната заедница, со особено внимание кон најранливите категории граѓани.

Компанијата најави дека и во иднина ќе продолжи да поддржува проекти и акции кои имаат директно влијание врз подобрување на квалитетот на животот во заедницата.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo