ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРАМА ВО ДОМОТ: Мајка и ќерка осомничени за обид за убиство - еве каков план направиле!

ДРАМА ВО ДОМОТ: Мајка и ќерка осомничени за обид за убиство - еве каков план направиле!
Kristal

Унгарската полиција ја заврши истрагата за обид за убиство во кој мајка и ќерка се осомничени дека се обиделе да го отрујат сопругот, односно зетот, ставајќи му рицин во кафето. Случајот е предаден на обвинителството за понатамошна постапка, објави Daily News Hungary.

Според полициското соопштение, истрагата била отворена во јули минатата година, откако 42-годишен маж пријавил дека се сомнева оти неговата 53-годишна сопруга и нејзината 76-годишна мајка планираат да го убијат.

Истражителите утврдиле дека двете жени набавиле семки од рицинус, кои содржат исклучително токсична супстанца – рицин, и ги покиснале со цел да извлечат отровна течност. Потоа, според сомнежите, течноста ја измешале во кафето на мажот.

Сепак, планот не бил реализиран бидејќи потенцијалната жртва станала сомничава и одбила да го испие кафето. Поради тоа, тој не претрпел повреди ниту му било загрозено здравјето, и покрај опасната природа на супстанцата.

Од полицијата наведуваат дека собраните докази го потврдуваат основаниот сомнеж за сторено кривично дело – обид за убиство. Двете осомничени биле испрашани, приведени и со судски налог им е одреден притвор, по што предметот е доставен до обвинителството со предлог за поднесување обвинение.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo