На 21 февруари 2026 година околу 16.30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на улицата „Струшки Кепенци“ во Струга товарно возило „ивеко“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 57-годишниот Н.О. од Струга, удрило во 70-годишната И.И. од селото Мислодежда.
По несреќата, повредената била пренесена во Медицинскиот центар во Струга за укажување лекарска помош, но подоцна им подлегнала на повредите.
Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, информира портпаролот Стефан Димоски.
Во 21.40 часот полициски службеници го лишиле од слобода возачот Н.О., а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

















