ПРВ.мк
Топ Вести

Ѓорѓиевски најавува: Скопје добива Луна парк за деца и возрасни - еве кога ќе биде отварањето!

Ѓорѓиевски најавува: Скопје добива Луна парк за деца и возрасни - еве кога ќе биде отварањето!
Kristal

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека теренските активности за проектот за брзи автобуски линии (БРТ) ќе започнат во 2027 година, откако претходно ќе се спроведе набавка на над 100 нови автобуси за обновување на јавниот превоз.

– „Со ЕБОР конечно го откочивме процесот за БРТ проектот. Верувам дека во втората половина од годината ќе започнеме со тендерирање. Овој проект ќе ги намали сообраќајните гужви и ќе го подобри функционирањето на јавниот превоз во Скопје“, изјави Ѓорѓиевски во интервју за Радио Слободна Европа.

Тој додаде дека се ревидира втората траса од Кисела Вода до Радишани и дека е потребно целосно опфаќање на градот, а не само на правците Ѓорче Петров и Ново Лисиче. Со набавката на новите автобуси, како и со дополнителни автобуси преку БРТ проектот, градот ќе има доволно возила за да го покрие целосно Скопје.

– „Нас ни треба да обезбедиме комфорен транспорт за граѓаните, да можат да стигнат од точка А до точка Б, без да користат сопствени автомобили“, посочи Ѓорѓиевски.

За моменталните проблеми со јавниот превоз, како доцнењето на автобусите и несоодветниот возен ред, градоначалникот рече дека се прави се што е можно со постоечкиот возен парк. – „Во моментов, ЈСП Скопје располага со околу 180 автобуси на линиите низ градот. По набавката на новите автобуси од Владата и дополнителните за БРТ, ќе можеме да обезбедиме подобра услуга и да се решат евентуалните аномалии“, додаде тој.

Ѓорѓиевски истакна дека паралелно се работи на решавање на тесните грла во градот и на унапредување на еколошкиот транспорт, со цел намалување на загадувањето и подобрување на протокот на сообраќајот. Во фокусот се и гасните централи за домаќинствата и субвенции за такси превозниците за користење еко-возила.

За новиот Луна парк, градоначалникот најави дека проектот е во финална фаза на тендерирање и се очекува да биде отворен до јуни 2027 година. – „Конечно Скопје ќе добие Луна парк за сите возрасти, место каде децата ќе создаваат спомени и ќе го поминуваат своето детство среќно“, истакна Ѓорѓиевски.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo