ПРВ.мк
Топ Вести

ПОДГОТВЕТЕ СЕ: Скопје денеска останува без струја – проверете дали и вашата населба е на списокот!

ПОДГОТВЕТЕ СЕ: Скопје денеска останува без струја – проверете дали и вашата населба е на списокот!

Центарот за управување со кризи (ЦУК), повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија, информира дека утре, поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија привремено ќе останат корисници во повеќе населени места во општините Петровец, Сопиште и Студеничани.

Во општина Петровец, прекинот ќе трае од 08:15 до 15:15 часот, а без струја ќе бидат корисниците во селата Огњанци, Чифлик, дел од Петровец, Фазанерија, Јасен, Катланово, Стари Лозја, Катлановско Блаце, Бадар, Кожле и Фазанерија Тотинци, како и пумпата Фазанерија, ЗИК „Фазанерија“, пумпата на водоводот во Кожле и тунелот Катланово.

Во општина Сопиште, од 08:30 до 15:30 часот, без електрична енергија ќе останат жителите на Држилово, викенд-населбата Држилово, Јаболци и Патишка Река.

Во истиот период, од 08:15 до 15:15 часот, прекин во снабдувањето со струја ќе има и во селата Црн Врв и Елово во општина Студеничани.

Од ЦУК апелираат граѓаните навреме да ги испланираат своите обврски и активности, имајќи ги предвид најавените прекини во снабдувањето со електрична енергија.