ПРВ.мк
Топ Вести

НОВ УДАР ВРЗ ПУШАЧИТЕ: Електронските цигари одат во историјата - ова се новите правила!

НОВ УДАР ВРЗ ПУШАЧИТЕ: Електронските цигари одат во историјата - ова се новите правила!
Kristal

Објавен е предлог-законот за заштита од пушење, со кој државата најавува драстично заострување на правилата за употреба, продажба и промоција на тутунски и никотински производи. Нацрт-законот, изработен од Министерството за здравство, е официјално објавен на електронскиот регистар ЕНЕР и предвидува строги забрани, проширен опфат на забранети простори и високи парични казни за прекршителите.

Со новото законско решение се воведува целосна забрана за пушење во сите јавни и работни простории. Забрането ќе биде пушењето во и пред објекти на здравствени установи, установи за социјална заштита, воспитно-образовни институции, културни и рекреативни објекти, како и во објекти за престој и сместување на деца, ученици и студенти. Забраната ќе важи и за сите државни органи, органи на локалната самоуправа, како и за сите работни места без исклучок.

Законот опфаќа и целосна забрана за пушење во сите видови јавен превоз, вклучително и автобуси, возови, такси превоз, аеродроми, автобуски и железнички станици. Дополнително, јасно е дефинирана забрана за пушење во приватно возило доколку во него има дете, како и во заедничките простории на станбените згради, меѓу кои лифтови, светларници, ходници и котларници.

Пушењето ќе биде дозволено исклучиво на строго дефинирани отворени простори, кои мора да бидат физички одделени и отворени од најмалку три страни, без стаклени, пластични или најлонски прегради, со цел да се спречи задржување на чадот.

Еден од најстрогите новитети во предлог-законот е целосната забрана за тутунски и никотински производи со ароми и вкусови. Забраната ќе важи за производството, увозот, дистрибуцијата и продажбата на класични цигари, електронски цигари, течности за е-цигари со и без никотин, како и за загреани и бездимни тутунски производи доколку содржат овошни, ментол, билни или други вкусови и адитиви, со исклучок на природниот тутунски вкус.

Предлог-законот воведува и строги ограничувања за рекламирањето, промоцијата и спонзорирањето од страна на тутунската индустрија. Забрането ќе биде прикажување или промовирање на тутунски и никотински производи во медиумски содржини, компјутерски и видео-игри, содржини на инфлуенсери и поткастери, како и нивно спонзорирање на јавни, културни, спортски и забавни настани.

Контролата на спроведувањето на законот ќе ја вршат повеќе институции, меѓу кои Државниот пазарен инспекторат, Санитарниот и здравствениот инспекторат, Инспекторатот за труд, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

За прекршување на одредбите се предвидени високи парични казни. Правните лица ќе се казнуваат со износи од 2.000 до 5.000 евра, во зависност од големината на компанијата, додека за физичките лица се предвидени казни од 150 до 300 евра.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape