Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски наводно бил киднапиран во текот на ноќта во Белград, пренесуваат српските медиуми. Според првичните, неофицијални информации, тој бил нападнат од неколку лица кои насилно го внеле во багажник на автомобил и го однеле во близина на градот Рума.
Како што наведуваат медиумите во Србија, постои сомнеж дека зад инцидентот стојат мигранти кои одреден период престојувале во белградската област. Наводно, киднаперите го врзале Кајмакоски и продолжиле да се движат со неговото возило.
При влезот во Рума, автомобилот бил забележан од сообраќајна полиција, по што следела кратка потера. Осомничените се обиделе да избегаат, но изгубиле контрола и удриле во заштитна ограда, при што возилото било оштетено.
По судирот, лицата избегале пеш од местото на настанот, додека полицијата при преглед на автомобилот го пронашла Даниел Кајмакоски, кој бил ослободен. Засега нема официјална потврда од надлежните институции, а истрагата е во тек.
Извор: Охрид1

















