ПРВ.мк
Скопје

НАЈНОВА ВЕСТ: Вонредна состојба на летот од Скопје – деталите се потресни!

НАЈНОВА ВЕСТ: Вонредна состојба на летот од Скопје – деталите се потресни!
Kristal

Летот W64719 на „Виз Ер“ од Скопје за Париз утрово заврши со слетување во Белгија, откако екипажот прогласи вонредна состојба додека авионот бил над Луксембург. Патниците и екипажот безбедно слетаа на аеродромот Шарлроа во Брисел.

Според следењето на летот, проблемите се појавиле околу два часа по полетувањето. Авион од типот „Ербас А321-271NX“ бил на висина од 29.000 стапки (FL290) кога екипажот прогласил итност, по што веднаш го пренасочил леталото. Летот слета безбедно околу 07:30 часот UTC, по вкупно 2 часа и 15 минути поминати во воздух.

Причината за прогласената вонредна состојба засега не е соопштена, а се очекуваат дополнителни детали дали станува збор за технички проблем или медицинска ситуација на бордот.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo