ПРВ.мк
Република

Ристе Стојчев покажа како се помага: Ги донираше средства од Водици за малата Нина!

Ристе Стојчев покажа како се помага: Ги донираше средства од Водици за малата Нина!
Kristal

Младиот Ристе Стојчев (21) од Николиќ, општина Дојран, на денот на Водици го фати Чесниот крст во осветените води на Дојранското езеро. По старата традиција, тој ги посети сите христијански семејства во општината, носејќи благослов за здравје, среќа и мир во секој дом.

Но неговата хуманост не застана тука. Средствата што ги собрал од благодарните жители за посетата со Чесниот крст ги донираше во целост за лекување на 14-годишната Нина Димитриевска од Струмица, која од својата втора година се бори со церебрална парализа.

За неговиот чин на добрина јавноста дозна од мајката на Нина, Симона Димитриевска, која се заблагодари преку социјалните мрежи:

„Момчето кое го фати Светиот Крст годинава во Дојран покажа дека вистинската сила не е само да го фатиш Крстот, туку да го фатиш за животот на некој друг. Со огромна хуманост и чисто срце, Ристе ги донираше собраните средства за лекување на нашата ќерка Нина. Ова е доказ дека човечноста е најголемиот благослов. Нека му се врати со здравје, среќа и Божја милост, а Нина нека добие шанса за подобро утре.“

Ристе со своите 21 година покажа дека младоста, верата и посветеноста кон помагањето можат да направат огромна разлика во животот на послабите. Неговиот пример е инспирација дека секој може да биде херој кога има срце полно со добрина.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo