На 8 февруари 2026 година, околу 00:20 часот, полициски службеници од ПС за безбедност на патниот сообраќај Тетово лишија од слобода 27-годишниот Р.И. од село Требош.
При редовна контрола, возилото „Порше“ со тетовски регистарски ознаки било запрено, при што било утврдено дека Р.И. го управувал без важечка возачка дозвола.
По насоки на јавен обвинител, возилото било одземено, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

















