На 7 февруари 2026 година, околу 09:00 часот, во ОВР Гостивар е пријавено излетување од коловоз на патничко возило „Опел Зафира“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.М. од Скопје, на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, во близина на село Скудриње.
Во несреќата, возачот се здобил со телесни повреди, додека 73-годишната сопатничка Ј.М. претрпела тешки повреди. Двете лица биле пренесени во Ургентниот центар во Охрид, а увид извршила екипа од ОВР Гостивар.

















