ПРВ.мк
Македонија

ЌЕ ЈА СРУШАТ ЛЕПЕНКАТА – А ЌЕ ПАДНЕ ЛИ И НЕЈЗИНИОТ ДОМ? Кумановка во страв од уривање што може да ја остави на улица

ЌЕ ЈА СРУШАТ ЛЕПЕНКАТА – А ЌЕ ПАДНЕ ЛИ И НЕЈЗИНИОТ ДОМ? Кумановка во страв од уривање што може да ја остави на улица
Kristal

Жителка на Куманово живее во неизвесност откако дознала дека наскоро ќе започне уривање на напуштен објект што буквално е споен со нејзината куќа. Старото градско здание, кое со години се распаѓа и претставува ризик за околината, е ставено на список за отстранување од страна на Општина Куманово.

Жената, која сама живее во соседниот дел од заедничкиот објект, тврди дека двете куќи се изградени на исти темели и под ист покрив, што според неа значи дека со рушењето може да се загрози и нејзиниот дом. Таа вели дека никој претходно не направил увид во состојбата на нејзината куќа и дека стравува од сериозни оштетувања или целосен колапс.

Од Општината објаснуваат дека постапката трае повеќе од една година и дека сите законски процедури се завршени, вклучувајќи елаборат за заштита на соседните објекти и избор на фирма која ќе го изврши уривањето. Надлежните уверуваат дека ќе се работи внимателно, со стручни лица на терен и со мерки за безбедност, а доколку се процени дека постои ризик – рушењето нема да започне.

Сепак, жената бара јасни гаранции и привремено сместување доколку дојде до оштетување, нагласувајќи дека живее од социјална помош и нема каде да се пресели.

Случајот повторно го отвори прашањето за запуштените стари објекти во центарот на градот, кои со години пропаѓаат и претставуваат закана за жителите. Локалните власти најавуваат дека во моментов се водат постапки за уште неколку вакви градби, со цел зголемување на јавната безбедност.

Извор: СакамДаКажам

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape