ПРВ.мк
Црна Хроника

КРАЈ НА ИЗМАМИТЕ: Приведен маж осомничен за измами - еве колку пари се најдени кај него!

КРАЈ НА ИЗМАМИТЕ: Приведен маж осомничен за измами - еве колку пари се најдени кај него!
Kristal

На 7 февруари 2026 година, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода 38-годишниот О.В. од Струмица, осомничен за учество во повеќекратни измами насочени кон постари жени од градот.

Според полицијата, на 6 и 7 февруари 2025 година, О.В. во два наврати помогнал при измамите извршени врз 84-годишна и 68-годишна жителка на Струмица, а во еден случај се обидел да измами и 77-годишна жена. Измамниците се претставувале како медицински лица и убедувале жртвите да им дадат пари за наводни операции на нивни блиски. О.В. ја преземал готовината лично на локациите што му ги укажувало лице што ги контактирало жртвите по телефон.

При апсењето, кај О.В. биле пронајдени 15.150 евра и 50 швајцарски франци, стекнати со криминално дејствие. Тој бил задржан во Полициската станица Струмица и во службен разговор го признал начинот на извршување на делата. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица бил известен, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

СВР Струмица апелира до граѓаните да бидат внимателни при телефонска комуникација со непознати лица, да не наседнуваат на измами, да не даваат пари на непознати и сите сомнителни случаи веднаш да ги пријавуваат во полиција.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape