На 7 и 8 февруари 2026 година, во периодот од 19:00 до 03:00 часот, полицијата спроведе акциска контрола во централното градско подрачје на Скопје, насочена кон присуството на малолетници во угостителски објекти по полноќ и точење алкохол на малолетници.
При контролата, во еден угостителски објект во Центар биле затекнати малолетници кои консумирале алкохол. Поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 204 од Кривичниот законик – „точење алкохолни пијалаци на малолетници“, од слобода била лишена 20-годишна вработена.
Инцидентот е пријавен и кај Државниот пазарен инспекторат, а по целосно документирање на случајот се очекуваат соодветни пријави.

















