ПРВ.мк
Балкан

СТРЕСНО УТРО: Земјотрес од 4,8 степени ги разбуди граѓаните!

СТРЕСНО УТРО: Земјотрес од 4,8 степени ги разбуди граѓаните!

Најнови информации од Атинскиот геодинамички институт покажуваат дека земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтер се почувствувал во јужниот дел на грчкиот остров Крит околу 00:33 часот.

Епицентарот бил регистриран во морето, на длабочина од 29,5 километри, во близина на западниот дел од островот. Засега нема пријавено повредени лица или материјална штета, пренесува „Катимерини“.

Крит е еден од најсеизмички активните делови на Грција и воопшто во светот, каде често се регистрираат земјотреси од различна јачина.

Најнови вести