ПРВ.мк
Топ Вести

ФИЦО СО СИЛНА ПОРАКА: Не сакам да бидам дел од Европа која толерира убиства!

ФИЦО СО СИЛНА ПОРАКА: Не сакам да бидам дел од Европа која толерира убиства!
Kristal

Словачкиот премиер, Роберт Фицо, остро се огласи против политиките на Европската Унија за поддршка на воени трошоци во Украина, истакнувајќи дека не сака неговата земја да учествува во Европа која, според него, ги игнорира животите на Русите и Украинците.

„Ако животот на еден Русин или Украинец не значи ништо за Западна Европа, тогаш јас не сакам да бидам дел од таква Европа“, изјави Фицо по разговорот со претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста.

Премиерот претходно испратил писмо до Коста во кое ги образложува ставовите на Словачка за самитот на Европската унија, закажан за 18 и 19 декември во Брисел. Тој јасно појаснил дека Братислава нема да ги поддржи иницијативите за финансирање на воените трошоци на Украина доколку тоа вклучува активно учество на словачката влада.

Со оваа изјава, Фицо ја потврдува својата позиција на скептицизам кон вовлеченоста на ЕУ во конфликтите во источна Европа и ја става Словачка во редот на земјите кои бараат внимателен пристап кон воената поддршка за Украина.

FixCredit
Escape