ПРВ.мк
Балкан

СООБРАЌАЈЕН ЗАСТОЈ: Евзони е затворен за возила - ова е причината!

СООБРАЌАЈЕН ЗАСТОЈ: Евзони е затворен за возила - ова е причината!
Kristal

Од 11:00 часот денеска, граничниот премин Евзони (ГП Богородица) е затворен за сообраќај, соопшти Автомобилската и мотоциклистичка федерација на Македонија (АМСМ).

На државните патишта сообраќајот се одвива непречено, со претежно суви коловози, а интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15 ноември 2025 година, започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, која ќе трае до 15 март 2026 година.

АМСМ апелира возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот, да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и внимателно да управуваат со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од одрони. Особено внимание се препорачува на делниците:

  • Катланово – Велес
  • Маврово – Дебар – Струга
  • Виница – Берово
  • Кочани – Делчево

Возачите се повикуваат да бидат внимателни и да ги следат сите официјални информации за состојбата на патиштата.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape