На 12.12.2025 година, полициски службеници од ОВР Струга интервенираа во продажен објект на улицата „Маршал Тито“ во Струга, каде што од слобода беа лишени четворица лица од Република Албанија – А.Х. (52), Р.Х. (49), Р.Е. (49) и Р.А. (20), сите од Корча.
Лицата беа затекнати при извршување на кражба на повеќе производи, кои веднаш им беа одземени и вратени на одговорните лица во објектот.
По целосно документирање на случајот, против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава, со што се очекува понатамошна постапка пред надлежните органи.
















