МВР информира дека вчера во 12:00 часот во Полициската станица Драчево беше извршен службен разговор со Б.А. (68) од Скопје, по пријава дека на 09.12.2025 физички ја нападнал својата 66-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Исто така, рано утринава во 02:00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода К.Д. (71) од Штип, по пријава дека на 12.12.2025 околу 14:30 часот физички ја нападнал својата 77-годишна сопруга и упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
















