Подрачјето на Куманово и околината попладнево беше зафатено од поројни врнежи од дожд проследени со силни грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Според најновите информации, невремето се движи во правец од запад кон исток, поради што во наредниот период се очекува врнежливиот облачен систем да зафати и други делови од источниот регион.
Надлежните упатуваат апел до граѓаните да бидат внимателни, особено за време на грмежи, да избегнуваат престој на отворен простор и редовно да ги следат официјалните информации и предупредувања од УХМР.
Граѓаните се повикуваат на претпазливост поради можноста од локални интензивни врнежи, силен ветер и појава на краткотрајни невремиња во погодените подрачја.










