ПРВ.мк
Топ Вести

ДРАМАТИЧЕН ИНЦИДЕНТ: Нападнати индиски бродови во Ормускиот теснец - кој стој зад нападот?

ДРАМАТИЧЕН ИНЦИДЕНТ: Нападнати индиски бродови во Ормускиот теснец - кој стој зад нападот?

Ормускиот теснец повторно се најде во центарот на глобалната безбедносна криза откако два танкери под индиско знаме, кои превезувале сурова нафта, биле нападнати при обид да минат низ стратешкиот морски премин, соопшти индиското Министерство за надворешни работи.

Според информациите, министерот за надворешни работи на Индија Викрам Мисри одржал итна средба со иранскиот амбасадор во Њу Делхи, на која изразил сериозна загриженост поради пукањето врз бродовите.

Бродската индустрија наведува дека танкерите претходно добиле радио-порака од иранската морнарица дека немаат дозвола за премин, по што биле пријавени инциденти со огнено оружје во водите меѓу островите Кешм и Ларк. Двата бродa подоцна се повлекле од зоната.

Паралелно, британската агенција за поморски трговски операции пријавила одделен инцидент североисточно од Оман, каде танкер бил следен од вооружени патролни бродови и бил отворен оган, но екипажот останал безбеден.

Дополнително ја зголемува неизвесноста информацијата дека дел од бродовите добиле порака дека Ормускиот теснец е повторно затворен поради безбедносни причини, што создава ризик за нови нарушувања во глобалниот проток на нафта.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД нема да дозволат блокади и притисоци врз меѓународната трговија, додавајќи дека разговорите со Техеран продолжуваат и дека се очекуваат нови информации во текот на денот.