ПРВ.мк
Свет

Зеленски им нареди на украинските воздухопловни сили: Подгответе се за голем напад!

Зеленски им нареди на украинските воздухопловни сили: Подгответе се за голем напад!
Kristal

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, издаде наредба до раководството на украинските воздухопловни сили, Министерството за одбрана и државниот оператор на преносниот електроенергетски систем „Укренерго“ да подготват дополнителни заштитни мерки, по разузнавачки информации за можен нов голем руски напад.

Зеленски изјави дека наредил на командантот на воздухопловните сили, Анатолиј Кривоножко, министерот за одбрана, Михајло Федоров, и извршниот директор на Укренерго, Виталиј Зајченко, да подготват дополнителни мерки за заштита во текот на денот, со цел да се заштитат критичните инфраструктури, земајќи ги предвид разузнавачките податоци за руските подготовки.

Претседателот одржа координативен состанок за безбедносната ситуација во украинските региони и доби извештај за последиците од ноќниот напад, кога руските сили повторно испукаа ракети врз енергетските објекти на Украина. Тој истакна дека украинската противвоздушна одбрана реагирала ефикасно.

„Секоја руска ракета е одговор на агресорот на повиците за прекин на војната. Само со доволен притисок врз Русија и со јасни безбедносни гаранции за Украина може да се стави крај на оваа војна“, нагласи Зеленски.

Претседателот се осврна и на Минхенската безбедносна конференција, каде украинската делегација дискутираше за енергетските прашања со меѓународни партнери. Тој потенцира дека во следните денови мора да се спроведат веќе постигнатите договори и дека испораката на ракети за воздушна одбрана останува непроменет приоритет.

Зеленски додаде дека задачата на сите надлежни институции е да ја забрзаат поддршката за воздушната одбрана од партнерите на Украина.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo