Полицијата во Струмица поднесе кривична пријава против тројца мажи – Т.М. (33), А.А.В. (23) и А.Ѓ. (23) – поради сомнеж за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.
Истрагата покажала дека во периодот од октомври 2024 година до февруари 2025 година, осомничените се здружиле со цел продажба и пуштање во промет на екстази – МДМА.
Тие купувале, складирале, продавале и посредувале во неовластена продажба на поголеми количини на дрогата, а надлежните органи сега продолжуваат со целосно расветлување на активностите на криминалната група.
















