ПРВ.мк
Македонија

ПОБРЗАЈТЕ НА БЕНЗИНСКИТЕ: Ново поскапување на нафтените деривати - еве од кога!

ПОБРЗАЈТЕ НА БЕНЗИНСКИТЕ: Ново поскапување на нафтените деривати - еве од кога!
Kristal

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се зголемуваат максималните малопродажни цени на нафтените деривати во просек за 0,69% споредено со претходната одлука од 9.2.2026 година.

Причината за поскапувањето е зголемениот просечен референтен индекс на цените на нафтените деривати на светскиот пазар: кај бензините за 2,599%, кај дизелот за 0,154%, кај екстра лесното масло за 1,247%, додека кај мазутот е регистрирано намалување од 1,530%. Курсот на денарот во однос на доларот, по кој беа формирани претходните цени, бил понизок за 0,3576%.

Од 17.2.2026 година, со почеток од 00:01 часот, максималните цени на нафтените деривати кои ќе важат се:

  • ЕУРОСУПЕР БС‑95 – 73,00 денари/литар
  • ЕУРОСУПЕР БС‑98 – 75,00 денари/литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ (Д‑Е V) – 68,00 денари/литар
  • Екстра лесно масло (ЕЛ‑1) – 67,00 денари/литар
  • Мазут М‑1 НС – 33,883 денари/килограм

Бензините сега се поскапи за 1,00 денар по литар, додека цените на дизелот и екстра лесното масло не се менуваат. Мазутот е повисок за 0,233 денари по килограм.

РКЕ појаснува дека ова се максимални цени, што значи дека трговците на големо и на мало можат да формираат и пониски цени ако сакаат.

Поскапувањето главно ќе се почувствува кај бензинските горива – па ако имате патување или наполнување резервоар, ова е периодот да побрзате.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo