На 15.02.2026 година, во 23:05 часот, 27-годишна жена пријавила во СВР Скопје дека околу 21:00 часот, на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, со употреба на физичка сила била насилно ставена во патничко возило.
Според пријавата, по насилното внесување во возилото, жената била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер, Е.М. (33).
По целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе следува соодветен поднесок
















