Рускиот народ треба да знае дека војната ја уништува нивната земја и да направи сè што може за да ја запре, изјави генералниот секретар на NATO, Марк Руте.
„Во декември загубија 35.000 свои луѓе, а во јануари 30.000“, рече тој во изјава за рускиот портал „Moscow Times“ на маргините на Минхенската безбедносна конференција.
Поранешниот холандски премиер нагласи дека овие жртви „не доаѓаат од Москва и Санкт Петербург, па елитата можеби нема веднаш да го почувствува ова“.
Руте додаде дека тоа е неизбежно:
„Но, ова наскоро ќе се случи, бидејќи со ова брзина и толку многу луѓе кои гинат во акциите, неизбежно е дека ќе стигне и до Москва и Санкт Петербург. Би рекол: ‘Направете сè што можете да го запрете ова, бидејќи го убива Русија. Ситуацијата е многу лоша за Русија’“, предупреди Руте.
Тој додаде дека прво треба да се постигне мировен договор, „а потоа да видиме што ќе се случи после тоа“.
„Но, за НАТО, како што сега ја гледаме ситуацијата, јасно е дека Русија претставува долгорочна закана за целата територија на НАТО“, заклучи генералниот секретар.

















