ПРВ.мк
Спорт

Министерството за спорт во 2026 година ќе вложи 5,1 милон евра во спортската инфраструктура

Министерството за спорт во 2026 година ќе вложи 5,1 милон евра во спортската инфраструктура
Kristal

Годишната програма на Минстерството за спорт за изградба и реконструкција/санација на спортски објекти за 2026 година предвидува предвидува реализација на 13 големи проекти за кои ќе бидат наменети околу 5,1 милиони евра, средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија.

– Програмата за 2026 година предвидува изградба, реконструкција и санација на спортски објекти низ целата држава – спортски сали, базени, мултифункционални игралишта, тренинг-центри и придружна инфраструктура. За оваа намена предвидени се 312.146.000 денари или приближно околу 5,1 милион евра од буџетот со кои ќе бидат реализирани 13 инфраструктурни проекти кои опфаќаат изградба и реконструкција на над 50 спортски објекти. Средства се планирани и распределени со јасни приоритети – спорт достапен за сите, рамномерен регионален развој и создавање на одржлив систем на спортска инфраструктура – соопшти министерот Борко Ристовски во интервјуто за „Плусинфо“.

Како еден од основите за инвестирање во изградбата и реконструкцијата на спортските објекти, воедно и еден од приоритети на Владата во дејноста спорт е обезбедување на услови за реализација на наставата по физичко воспитување во основното и средното образование, спортување и рекреација на студентите, за функција на спортските клубови и спортските федерации, како и рекреативните активности на граѓаните и спроведување на децентрализацијата на спортот.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo