Рано утрово, околу 06:30 часот, 75-годишниот У.Д. од струшкото село Ливада го загуби животот откако беше удрен од товарно возило „Ман“, управувано од 52-годишниот А.А. од Република Албанија.
Несреќата се случила на магистралниот пат Подмоље-Струга, а пешакот починал на самото место. Лекар од Итна медицинска помош во Струга ја констатирал смртта, додека увид на местото извршила полицијата.
Според семејството, У.Д. околу 06:05 часот се оддалечил од домот на свој роднина во струшкото село Мислешево. Тој имал здравствени проблеми, кои, според проценката на блиските, можеби придонеле за трагичниот исход.
Полицијата продолжува со истрага за целосно расветлување на околностите под кои се случила несреќата.
















