Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази неверување и критика кон предлогот за создавање 40-километарска тампон-зона меѓу руската и украинската линија на фронтот како дел од евентуален мировен договор. Тој оцени дека таквата идеја не ја одразува реалноста на модерното војување и доаѓа од оние кои не ја разбираат вистинската воено-технолошка состојба на конфликтот.
„Само оние кои не разбираат воено-технолошка состојба на денешниот конфликт предлагаат тампон-зона“, рече Зеленски, додавајќи дека веќе постои област каде тешката артилерија не може да дејствува поради ризикот од напади со дронови. „Денес нашето тешко оружје е на повеќе од 10 км едно од друго, затоа што дроновите ги погодуваат сите позиции. Оваа тампон-зона – јас ја нарекувам ‘мртва зона’, а некои ја нарекуваат ‘сива зона’ – веќе постои“, истакна тој.
Зеленски исто така нагласи дека Украина не може да отстапи дел од територијата за ваква зона, бидејќи Русија може да се повлече длабоко во привремено окупираните територии ако сака поголемо растојание. Тој додаде дека Русија не е подготвена за дипломатија, туку бара начини за одложување на крајот на војната.
Во меѓувреме, европските лидери продолжуваат со напорите за обезбедување сигурносни гаранции за Украина во случај на договор со Русија. Европската комесарка Кја Калајс истакна дека министрите за одбрана на ЕУ се согласиле гаранциите да бидат „цврсти и веродостојни“.
Рускиот Министерство за надворешни работи преку портпаролката Марија Захарова го оцени западниот предлог како „едностран“ и насочен кон обуздување на Русија, нагласувајќи дека ваквите иницијативи не ја земаат предвид реалната состојба на теренот.