ПРВ.мк
Свет

ВИДЕО | Силен удар, па експлозија: Фатална хеликоптерска несреќа

ВИДЕО | Силен удар, па експлозија: Фатална хеликоптерска несреќа

Три лица загинаа во тешка хеликоптерска несреќа на грчкиот остров Сифнос, откако мал приватен хеликоптер се урнал во понеделникот вечерта и предизвикал пожар.

Несреќата се случила во областа Толос, во близина на хелиодромот на островот. Според грчките власти, во леталото се наоѓале три лица и телата на сите биле пронајдени на местото на несреќата.

По падот, хеликоптерот бил зафатен од пламен, а на терен веднаш биле испратени пожарникари и спасувачки екипи. Очевидци опишале дека по ударот се слушнала силна експлозија, по што леталото се претворило во огнена топка.

Причината за несреќата засега не е официјално утврдена и надлежните служби започнаа истрага.

Сифнос е еден од Кикладските Острови во Егејското Море и е позната туристичка дестинација во Грција.

Видео: