ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) Празни улици, страв и погреби во Иран: Земјата во целосен мрак додека светот чека потег од САД!

(ВИДЕО) Празни улици, страв и погреби во Иран: Земјата во целосен мрак додека светот чека потег од САД!
Kristal

Иран веќе деветти ден е целосно изолиран од светот, со прекинат интернет и сериозно ограничена мобилна комуникација, поради што вистинската состојба во земјата останува обвиена со мистерија. Нема официјални информации за бројот на жртви и приведени во антивладините протести што започнаа на 28 декември, а државните медиуми молчат.

Сепак, снимки што успеале да стигнат надвор од Иран откриваат застрашувачка слика. На нив се гледа дека протестите речиси целосно згаснале, додека улиците се под строга контрола на безбедносните сили на режимот. Наместо демонстранти, градовите се преплавени со вооружени припадници на репресивниот апарат.

Луѓе кои успеале да ја напуштат земјата за светските медиуми сведочат дека улиците се празни, не затоа што незадоволството исчезнало, туку поради страв од масакр. Според нив, граѓаните се затворени во своите домови, исплашени од брутални апсења и насилство.

На социјалните мрежи, и покрај цензурата, се појавуваат видеа од погреби на загинати демонстранти, каде што присутните јавно повикуваат на пад на репресивниот режим. Овие сцени дополнително ја подгреваат загриженоста на меѓународната јавност.

Неофицијалните проценки се шокантни – се претпоставува дека најмалку 2.500 лица се убиени, додека над 18.000 граѓани се приведени од почетокот на немирите. Точната бројка, поради информацискиот мрак, засега не може да се потврди.

Во меѓувреме, останува отворено прашањето дали САД ќе интервенираат – воено или на друг начин. Американскиот претседател Доналд Трамп во повеќе наврати најави можност за реакција, јавно повикувајќи ги граѓаните на Иран да протестираат, да ги заземат институциите и ветувајќи дека „помошта доаѓа“.

Земјите од регионот, меѓу кои Саудиска Арабија, Катар, Оман, Турција и Египет, јасно се изјаснија против евентуална воена интервенција на САД. Тие предупредуваат дека таков чекор би можел да предизвика сериозни безбедносни и економски последици за целиот Блиски Исток.

Според светските агенции, во тек се интензивни дипломатски разговори меѓу регионалните сили, Вашингтон и Техеран, со цел да се спречи ескалација. Најголемиот страв е дека американските воени бази во регионот би можеле да станат цел на иранска одмазда доколку дојде до напад.

Додека светот чека одлука, Иран останува тивок, изолиран и во страв – со празни улици, тажни погреби и неизвесна иднина.

ВИДЕО 1

ВИДЕО 2

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo