ПРВ.мк
Македонија

МВР СО АПЕЛ ДО СИТЕ ГРАЃАНИ: Се шират измами преку лажни СМС и мејлови - никако не го правете ова!

МВР СО АПЕЛ ДО СИТЕ ГРАЃАНИ: Се шират измами преку лажни СМС и мејлови - никако не го правете ова!
Kristal

Министерството за внатрешни работи алармира дека во последниот период е забележано зголемување на интернет измамите, при што граѓаните се таргетираат преку лажни СМС пораки и електронска пошта. Досега се евидентирани над 50 пријави за вакви злоупотреби.

Измамниците се претставуваат како банки, државни институции, доставни служби или познати компании, а пораките се формулирани така што создаваат итност и притисок врз примателот. Во нив се бара внесување на чувствителни податоци – лозинки, броеви на картички или други лични информации, кои потоа се користат за финансиска злоупотреба.

МВР апелира до граѓаните:

  • Никогаш не давајте лични или финансиски податоци преку линкови во СМС или мејл.
  • Не отворајте сомнителни линкови или прилози.
  • Секој обид за измама веднаш пријавете го кај надлежните институции или во вашата банка.

Ова е повик за внимателност, особено кога се работи за електронска комуникација од непознати или сомнителни извори.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape