ПРВ.мк
Македонија

ТИТАН Усје работи согласно законот – неоснованите обвинувања се тенденциозни и не придонесуваат кон изнаоѓање на одржливи решенија

ТИТАН Усје работи согласно законот – неоснованите обвинувања се тенденциозни и не придонесуваат кон изнаоѓање на одржливи решенија
Kristal

ТИТАН Усје е одговорна компанија која,во сите сегменти од своето работење,работи согласно домашната регулатива. Kомпанијата ги применува најдобрите достапни практики во производството и применува технологија идентична со најдобрите компании од цементнатаиндустрија во Европската Унија.

Како конструктивен дел на заедницата, ТИТАН Усје целосно ја разбира загриженоста за квалитетот на воздухот во Скопје, но смета дека нападите кон нејзиното работење, кои не се темелат на аргументи и податоци, се некоректни и тенденциозни, и воедно не придонесуваат за изнаоѓање на вистински одржливи решенија за ваквата состојба.

Во интерес на вистината би сакале повторно да ги истакнеме фактите дека ТИТАН Усје целосно ја почитува законската регулатива во сите области од своето работење, ги применува светските добри практики во производство на цементи на јасен и транспарентен начин комуницира со сите засегнати страни.

Имено, согласно домашната регулатива, која во овој сегмент е идентична со онаа на Европската унија, ТИТАН Усје како компанија носител на А-интегрирана дозвола, е под континуиран 24-часовен независен мониторингна излезните гасови од оџаците, а резултатите од мерењата се јавно достапни (неделен извештај даден во прилог). Граничните вредности на емисиите утврдени во дозволата која ја поседува ТИТАН Усје  се построги од оние пропишани со Законот. И покрај тоа,компанијата,во своето работење, не ги надминува вака дефинираните  дозволени гранични вредности. Тоа е овозможено со високоефикасен, комплексен систем на современи филтри кои фабриката ги има инсталирано и задолжително работат секогаш кога работат и производните  линии.Покрај тоа компанијата континуирано инвестира во модернизација на технолошките процеси. Имено,  во изминатите шест години инвестициите надминаа 36 милиони евра, од кои 4,5 милиони евра беа наменети за унапредување  на заштитата на животната средина.

Бројките недвосмислено покажуваат дека и кога ТИТАН Усје не работи, амбиенталниот воздух е со истиот квалитет, што е јасна потврда за тоа дека компанијата не е причина за состојбите со квалитетот на воздухот во Скопје.

Сите независни студии укажуваат дека , индустријата има помало влијание на квалитетот на амбиенталниот воздух споредено созагревањето на домовите и јавните објекти, сообраќајот, градежните активности и горењето на отворено.

Како компанија која во целост работи согласно утврдените законски рамки, секогаш ќе настојувамена почитување на принципите на владеење на правото.Како активен член на заедницата во изминатите 70 години, подготвени сме да помогнеме во сеопфатно решавање на системскиот проблем, со цел да се надминат состојбите со лошиот квалитет на воздухот во градот, што е во интерес на сите нас. Притоа секогаш ќе инсистираме на соработка и дебата базирана на факти и докази, а не на паушални заклучоци и ќе бидеме јасни и прецизни во нашиот став - изворите да се бараат на вистинските места. 

Во прилог редовните неделни извештаи од мерењата на емисиите кои се јавно достапни.

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ

(09.01.2026 - 15.01.2026)

Легенда:

ИСДВ – измерена средно-дневна вредност                                                                                                                            

ГВЕ – гранична вредност на емисии (Законски максимално дозволена вредност)

* Ротирна печка 4не работи од21.12.2025 поради редовен годишен ремонт

                                                                                                                                    ***                                          

·        Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон

Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите.

·        Производството запира доколку филтрите не работат

Технолошкиот процес оневозможува работа на погонот без работа на филтрите.                                      

·        ТИТАН УСЈЕ не влијае врз зголемување на присуството на PM10 честички во воздухот

Паралелното мерење на амбиенталниот воздух (PM10 честички) во кругот на ТИТАН УСЈЕ не покажува меѓузависност со состојбите со амбиенталниот воздух измерени на други мерни станици, надвор од цементарницата.

·        Работењето на компанијата е постојано следено од страна на Државниот инспекторат за животна средина

·        Кога печките на ТИТАН УСЈЕ работат, тие работат 24 часа

ТИТАН УСЈЕ поради технолошки и деловни причини работи во текот на целото денонокие. Печките или работат континуирано (24 часа) или не работат.

·        Производството на цемент е поинтензивно во текот на летните месеци, отколку во зима

Поради поголемата сезонска побарувачка на цемент, производството е поголемо во текот на летните месеци, отколку во зима.

ТИТАН УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи и медиумите да ја посетат компанијата во кое било времеи да добијат одговори на сите прашања од јавен интерес.

Контакт e-mail: [email protected]

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo