ПРВ.мк
Македонија

ТАТКО КАКО ОД ХОРОР ФИЛМ: Се заканувал на семејството дека ќе ги убие и запали - полицијата откри вознемирувачки детали!

ТАТКО КАКО ОД ХОРОР ФИЛМ: Се заканувал на семејството дека ќе ги убие и запали - полицијата откри вознемирувачки детали!
Kristal

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против едно лице поради сериозни кривични дела, откако по пријава за семејно насилство во неговиот дом биле откриени оружје и муниција, но и застрашувачки закани кон најблиските.

Според информациите од обвинителството, осомничениот на 13 јануари во својот дом во Чучер Сандево неовластено поседувал автоматско оружје од типот STEN MKII, кое е целосно забрането за цивилна употреба, како и 71 куршум калибар 9 mm, наменети за истото оружје. Оружјето и муницијата биле пронајдени при интервенција на полицијата, откако неговата сопруга побарала помош.

Жената пријавила дека осомничениот ѝ упатувал директни закани дека ќе ја убие и ќе ја запали, а ситуацијата дополнително ескалирала кога тој започнал да ја крши покуќнината. Во нападот на бес, со нож им се заканувал и на нивните две ќерки, родени во 2006 и 2010 година, со што кај нив предизвикал силен страв и чувство на сериозна загрозеност.

Поради ваквите дејствија, против него се води постапка не само за неовластено држење оружје, туку и за загрозување на сигурноста, кривично дело кое се однесува на директни и сериозни закани по животот на други лица.

Јавниот обвинител, имајќи ја предвид тежината на делото, опасноста од бегство и можноста осомничениот да го повтори насилството, доставил предлог до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје за определување мерка притвор. Истрагата е во тек, а надлежните институции продолжуваат со преземање мерки за целосно расчистување на случајот.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo