ПРВ.мк
Свет

ТРАГИЧНА ВИСТИНА ИЗЛЕЗЕ НА ВИДЕЛО: Позната судбината на 24-годишната келнерка што го предизвика пожарот – еве зошто носела кацига!

ТРАГИЧНА ВИСТИНА ИЗЛЕЗЕ НА ВИДЕЛО: Позната судбината на 24-годишната келнерка што го предизвика пожарот – еве зошто носела кацига!
Kristal

Објавени се нови детали за трагедијата што го потресе швајцарското јавно мислење, во која животот го загубија 40 лица за време на новогодишна прослава во популарен бар. Швајцарските власти потврдија дека 24-годишната келнерка Сиан Панин, која за време на спектакуларното послужување со шампањ го предизвикала пожарот, носела заштитна кацига по барање на сопственичката на локалот, Џесика Морети.

Според официјалните информации, кацигата не била дел од безбедносен протокол, туку била користена како дел од „атрактивен настап“ при служењето шампањ со прскалки. Заштитниот шлем бил обезбеден од доставувачот на шампањ со цел целиот чин да изгледа поефектно и поразлично од вообичаеното послужување.

Токму оваа кацига, според истрагата, имала кобна улога. Поради ограниченото видно поле, Сиан не можела навреме да ги забележи искрите од прскалките кои го зафатиле плафонот на локалот. Огнот за многу кратко време се проширил, предизвикувајќи паника, хаос и трагични последици.

Во пожарот животот го загубија вкупно 40 лица, меѓу кои и самата Сиан Панин, како и 23-годишниот диџеј Матео Лесгуер. Според сведоштвата, тој ја носел келнерката на раменици додека таа служела шампањ, што дополнително го отежнало нивното спасување кога избувнал пожарот.

Над сто лица се повредени во трагедијата, а голем дел од нив се здобиле со тешки изгореници и биле итно хоспитализирани. Медицинските служби и понатаму се борат за закрепнување на најтешко повредените.

Несреќниот настан се случил за време на новогодишниот дочек, кога локалот бил преполн со гости. Истрагата продолжува, а надлежните органи ги утврдуваат сите околности, вклучувајќи ја одговорноста за користењето пиротехнички средства во затворен простор и одлуките на раководството на објектот кои довеле до една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo