ПРВ.мк
Македонија

НАЈНОВА ВЕСТ: Колективна оставка поднесе раководството на оваа партија од Македонија!

НАЈНОВА ВЕСТ: Колективна оставка поднесе раководството на оваа партија од Македонија!
Kristal

На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците (ААШ), партијата на Арбен Таравари, целото раководство едногласно поднесе колективна оставка.

Од партијата ја образложија одлуката како резултат на внатрепартиска дебата и како чекор кон „реформи, вклучување на нови кадри и длабока реорганизација“, особено во пресрет на претстојното Собрание и Конгрес на партијата. Сепак, Таравари останува на функцијата претседател додека оставките не бидат формално потврдени.

„Оваа одлука е донесена со убедување дека партијата има потреба од организациска свежина, нови кадри и сеопфатни реформи, кои дополнително ќе го зајакнат политичкиот профил и внатрешното функционирање на Алијансата за Албанците, како и за анализа на резултатите од локалните избори“, стои во партиското соопштение.

Собранието на партијата се очекува да се одржи кон средината на февруари, додека Конгресот е закажан најдоцна до есента 2026 година.

Колективната оставка следи по завршувањето на повторените избори за градоначалници во четири општини, каде АА настапи во коалиција со ДУИ. Оваа одлука се толкува како сигнал за почеток на нова ера во организациското и политичкото функционирање на партијата.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo