ПРВ.мк
Македонија

ПРЕТРЕС ВО ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО: Пронајдена огромна количина на дрога – полицијата со детали!

ПРЕТРЕС ВО ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО: Пронајдена огромна количина на дрога – полицијата со детали!
Kristal

Вчера вечерта, при опсежен претрес во повеќе простории на Казнено-поправната установа Затвор Идризово, полицијата пронашла марихуана, таблети и други предмети, соопшти СВР Скопје.

Претресот бил извршен околу 21:00 часот, а инцидентот веднаш бил пријавен во СВР Скопје во 21:55 часот. Сите пронајдени предмети и дрога биле одземени, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорните лица.

Полицијата нагласува дека акцијата е дел од континуираните напори за одржување на безбедноста во затворските установи и спречување на внес и дистрибуција на забранети супстанции.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo