ПРВ.мк
Магазин

(ФОТО) ФОТОГРАФИЈА ШТО ГИ ЗАПАЛИ МРЕЖИТЕ: Трамп е „плукнат“ на мајка му – истата коса, исти мимики, ист поглед!

(ФОТО) ФОТОГРАФИЈА ШТО ГИ ЗАПАЛИ МРЕЖИТЕ: Трамп е „плукнат“ на мајка му – истата коса, исти мимики, ист поглед!
Kristal

Исечок од ретко интервју со Мери Ан Меклауд Трамп, мајката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, повторно се појави на социјалните мрежи и предизвика лавина реакции. Голем број корисници коментираат дека физичката сличност меѓу мајката и синот е толку силна, што Трамп често се опишува како нејзина „жива копија“.

Првиот детаљ што веднаш го привлекува вниманието е косата. Многумина на шега забележуваат дека Доналд Трамп ја наследил препознатливата руса коса од мајка си, но и дека нивниот стил на фризура е изненадувачки сличен. Освен тоа, цртите на лицето – формата на носот, усните и изразот на очите – се уште еден аргумент поради кој корисниците велат дека личноста на фотографиите изгледа како две верзии од исто лице.

Еден од најсподелуваните коментари гласи: „На оваа фотографија, мајката на Доналд Трамп изгледа како лик од филм за животот на Трамп, каде што Трамп ги игра сите улоги“. Фотографијата од Мери Ан, направена во 1997 година, дополнително ги поттикна ваквите споредби.

Покрај физичката сличност и бојата на косата, вниманието го привлекуваат и мимиките. Начинот на кој ги движат усните, погледот и изразите на лицето кај многумина создава впечаток дека мајката и синот делат не само надворешен изглед, туку и препознатлива невербална комуникација.

Животната приказна на мајката на Доналд Трамп

Интересен е и животниот пат на Мери Ан Меклауд Трамп, особено ако се земе предвид строгата антиимиграциска политика што Доналд Трамп ја промовираше со години. Иако често зборуваше за заштита на „домородните Американци“, неговите корени водат од Шкотска.

Мери Ан е родена во 1912 година во малото гратче Сторновеј, со околу 7.000 жители, на островот Луис во Атлантскиот Океан. Таа самата во интервјуа раскажувала дека на 18-годишна возраст пристигнала во Соединетите Американски Држави со бродот „RMS Transylvania“, носејќи со себе само 50 долари.

Во Америка го запознала Фред Трамп, за кого подоцна се омажила, и со кого имала пет деца. Во интервју за ирската телевизија „RTE“ во 1994 година, таа едноставно го опишала својот животен пресврт: дошла во Њујорк, го запознала идниот сопруг и започнала нов живот.

Мери Ан не го криела ниту најтешкиот момент од својот живот – смртта на нејзиниот најстар син Фреди, братот на Доналд Трамп. Тој починал во 1981 година, на само 42 години, од срцев удар, за кој медиумите тогаш пишуваа дека бил поврзан со алкохолизам. Таа во интервју истакнала дека тоа е болка што ниту една мајка никогаш не ја заборава.

Подоцна, таа била жртва и на насилен грабеж, при што ѝ била украдена чанта со само 14 долари. Повредите што ги здобила имале сериозни последици по нејзиното здравје. Мери Ан Меклауд Трамп почина во 2000 година, една година по смртта на нејзиниот сопруг Фред Трамп, и многу пред нејзиниот син Доналд да зачекори на големата политичка сцена и да стане претседател на Соединетите Американски Држави.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo